Приказната за основачот на Заводот

Лејди Сју Рајдер

Приказната за Госпоѓа Сју Рајдер стана легенда. Луѓето кои го следеа нејзиниот пат, продолжија да ја работат нејзината несебична работа.

Госпоѓа Рајдер е родена во 1923 година во Јоркшир, Велика Британија. На 18 годишна возраст таа активно учествувала во Втората Светска Војна во воената мисија на специјалните сили на британската армија. “Ние младите, тогаш се договоривме дека оние кои ќе ја преживеат војната не треба да подигнуваат скапи споменици на жртвите од фашизмот” – Живи Меморијали, рече многу подоцна Госпоѓа Рајдер.

Госпоѓа Рајдер го направи нејзиниот прв “Жив Меморијал” – дом на жртвите од војната во Германија во 1945 година.

Нејзините следбеници се сеќаваат на секој состанок со неа кој изгледал како празник – таа правела проблемите да ви исчезнат за момент, знаејќи како да го стопли секое срце. Ги стопли и срцата на телесно-инвалидните лица во Република Северна Македонија со тоа што донирајќи средства од нејзината фондација овозможи отварање на установа и тоа Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско која успешно функционира веќе повеќе од 40 години.

Госпоѓа Сју Рајдер почина во ноември 2000 година, но нејзината работа продолжи преку нејзините следбеници. Таа остана да биде симбол на хуманоста, взаемното разбирање и почитување.

Skip to content